Избраниците на
Пеп Гвардиола демонстрираа моќ и против Тотенхем, „Спарси“ минатата сезона не
загубија во двомечот со „Граѓаните“, но вечерва Сити лесно славеше со убедливи
4-1.
Резултатот беше
отворен во 14. минута, гостите заборавија на Гундоган при еден корнер од левата
страна и Германецот го искористи подарокот за 1-0.
Домаќините потоа
имаа уште неколку добри шанси, но за нов гол се чекаше до 70. минута, кога Де
Брујне погоди за 2-0.
Пет минути
подоцна Габриел Жесус промаши пенал, но Лорис капитулираше по трет пат во 80.
минута, кога по една одлична акција, Стерлинг се запиша во листата на
стрелците.
Англичанецот
реализираше и по втор пат во 90. минута, кога киксовите на Даер и Лорис му
овозможија сам од пет метри да ја погоди празната мрежа.
До последниот
свиреж на судијата Ериксен само постигна почесен гол за гостите со прецизен
удар по земја од врвот на шеснаесетникот.