Газате дело Спорт
и уште неколку весници денеска објавија дека Европската куќа на фудбалот ќе го
одбие предлогот на Милан за Финансиски фер плеј.
Вакво нешто се
најавуваше подолго време, но од УЕФА експресно одговорија дека нема вистина во
ваквите стории бидејќи предлогот на „Росонерите“ ќе биде разгледан утре а
конечна одлука ќе биде донесена дури следната недела.
Но каде што има
чад има и оган, а ова го потврди и првиот човек на Милан, Марко Фасоне, кој се
пожали дека УЕФА им поставува невозможни услови.
Медиумите сега
излегуваат со нови стории и пишуваат што е тоа што Европската куќа на фудбалот
го бара од „Росонерите“.
Според Калчо е
Финанца, првиот услов е да се пронајде договор за рефинансирање на заемот од
Елиот, со кој Ли Јонгхонг ја комплетираше зделката за купување на Милан.
Хеџ фондот на
Кинезите им позајми нешто над 300 милиони евра, од кои 180 за превземање на
клубот, 73 милиони евра за краткорочни исплати и 50 милиони наменети за самиот клуб. И додека се водат
преговори за рефинансирање на долгот, лидерите на Милан се надеваат дека до
април ќе го сторат тоа, но практично е невозможно веднаш да биде изведена една
ваква коплексна трансакција.
Според порталот
Панорама, вториот услов е уплата на 150 милиони евра од страна на Ли Јонгхонг во знак на претпазливост,
пари со кои би се покриле загуби во иднина, но ниту оваа трансакција не може да
се изведе во краток период.
Во моментов Милан
се обидува да постигне доброволен договор, нешто што до сега никој друг го нема направено, па
УЕФА е премногу внимателна и не сака да ја „оплеска“ работата.
УЕФА дозволува
доброволен договор за клуб која ја променил сопственоста, но треба да се
исполнат неколку услови: Да се презентира долгорочен план, во кој ќе има
финансиски план на основа на разумни и остварили претпоставки со кој ќе се
обезбеди балансиран буџет за четири години; Да се се демонстрира дека клубот е способен за самофинасирање до крајот на овој период; И
сопственикот да покаже дека може да ги покрие загубите кои ќе се направат се до
остварување на балансиран буџет.
Во моментов се
покажува на тоа дека ќе биде одбиен предлогот на Милан за доброволен договор,
па се поставува прашањето што ги чека „Росонерите“?
Клубот од Сан
Сиро ќе треба да прифати спогодбен договор, каде веројтно Милан ќе добие и казна.
УЕФА може да им одреди на „Росонерите“ парична глоба од десетици милиони евра,
да им ги замрзне исплатите на премиите и наградите од европските натпреварувања, да им го ограничи составот
а најстрога казна е исфрлање од Европа.