Атлетико Мадрид си оди со голема победа од незгодното гостување на Рамон Санчез Писхуан. Неколку почетнички грешки во одбраната и расположениот Антоан Гризман донесоа убедлива победа од 5-2 за „Колчонероси“.
Гол серијата ја отвори Диего Коста, напаѓачот му украде топка на заспаниот Бенега и рутински погоди за 0-1. Потоа на сцена стапи Антоан Гризман, Французинот постигна еврогол со своето послабо десно стапало иако беше опкружен од тројца противници.
Истиот играч на стартот од второто полувреме реализираше пенал, а потоа Коке искористи нов поклон на домашната одбрана за 0-4. Антоан Гризман во 81. минута го комплетираше својот хет-трик
До крајот на натпреварот, домаќините само го ублажија поразот преку Сарабија и Нолито.