Најпријатното
изненадување во составот на Англија оваа недела беше голманот Ник Поуп, кој
успеа да се избори за место во националниот тим и покрај тоа што пред осум
години играл во седмата лига а истовремено работел и како дистрибутер на млеко.
Медиумите од
„Островото“ сега пренесуваат уште една интересна приказна, младата ѕвезда на
Борнмут, 21 годишниот Луис Кук ќе му донесе убава добивка на својот дедо
доколку против Холандија или Италија го забележи својот прв настап за „Трите
Лава“.
Имено, откако фудбалерот
од средниот ред во 2014 се изборил за место во првиот тим на Лидс, Тревор
Барлингам вложил 500 фунти на тоа дека неговиот внук ќе заигра за Англија пред
да наполни 26 години.
Облогот то ставил
во локалната обложувалницата на Вил Хил во Тедкастер, Северен Јоркшир, за ова
добил коефициент 34 па сега чека исплата од 17.000 фунти.
„Луис веќе еднаш
доби повик, па јасно е дека неговиот дедо ќе биде награден за довербата која ја
имал во својот внук и само прашање на време е кога ќе го исплатиме” – вели портпаролот на Вил Хил, Џо
Крили.
„Тој игра во
одлична форма оваа сезона и сосема заслужено доби повик, па ајде да се надеваме
дека ќе го направи тој дополнителен чекор и ќе настапи за Англија во следните
денови”.