Откако наградата за Најдобар млад играч на Англија се доделува од 1983 година, сите кандидати доаѓале од Премиерлигата. Но оваа година за прв пат има и фудбалер од втората лига.
Историја испиша тинејџерот на Фулам, 17 годишниот Рајан Сесењон. Младиот Англичанец им е добро познат на фудбалските познавачи од „Островото“ тој има фантастична сезона со 14 погодици и пет асистенции. Може да игра како лев бек или лево крило, па многумина го најавуваат како новиот Герет Бејл.
За чудото од дете интерес пројавуваат гигантите како Манчестер јунајтед, Мачестер Сити, Ливерпул, Тотенхем и ПСЖ.
Рајан Сесењон за признанието Најдобар млад играч ќе се бори со ѕвездите од Премиерлигата како Хари Кејн, Рахим Стерлинг, Маркус Рашфорд, Лерој Сане и Едерсон Мораеш.