Луда завршница
следиме во најсилниот фудбалски шампионат на Турција, три екипи, меѓу кои
Галатасарај (72), Фенербахче (69) и Истанбул Башакшехир (69) се борат за
титулата, а Бешикташ (68) се надева на второто место и пласман во Лигата на
шампионите за идната сезона.
Ајкут Кочаман,
стратегот од клупата на Фенербахче, на едно коло до крајот на турската
Суперлига ја сумираше сезоната, тој за момент се осврна и на двомечот против
ланскиот македонски првак Вардар во квалификациите за Лига Европа, каде
македонскиот тим обезбеди место во групната фаза и го шокираше турскиот гигант.
„Вардар беше
незгода на која ние налетавме, немам друго објаснување, едноставно тоа беше
незгода која не е прифатлива за нашиот клуб, тоа го уништи тимот, мене и
фановите, се’ би се сменило
доколку ја освоиме лигата“ рече Кочаман кој проговори и за статусот на нашиот
18 годишен репрезентативец и член на Фенербахче, Елиф Елмас, за кого постојано
се шпекулира дека ќе си замине од Истанбул, за него веќе интерес имаат
пријавено голем број европски гиганти, меѓу кои е и англискиот шампион
Манчестер Сити.
„Елиф има само 18
години, тој е фудбалер во кого лежи иднината на Фенербахче, но рано е за него.
За две години ќе наполни 20 години, ќе има многу поголема можност да игра“
коментираше Кочаман.
Извор: haberturk.com