Кнеле натерал поранешен македонски фудбалер и негови соиграчи во тренерки да пливаат во базен поради одмазда?! (ФОТО)

by
3 минути читање

Поранешниот македонски
фудбалер, а воедно и доскорашен шеф на стручниот штаб на прволигашот Работнички,
Виктор Треневски најверојатно се нашол во непријатна ситуација, за која засега
нема официјална потврда дека бил дел од истата, но тоа што беше дел од
Будуќност токму во тој период, е доволно за претпоставка дека бил.

Тимот на Будуќност
престојувал на Тара (Црна Гора), во хотелот „Митровац“, а таму пак се нашол и
озлогласниот Александар Кнежевиќ – Кнеле, негов близок пријател открива сторија
во која бил присутен а на која непријатни сцени доживеале фудбалерите на
црногорскиот клуб во тој период.

Додека јас и уште еден набилдан
другар на Кнеле игравме пинг понг, фудбалерите на Будуќност од
Подгорица стоеа на страна и му се смееја на билдерот кој беше очаен во играта. Во тој момент се симна
Кнеле, веднаш забележа што се случува и почна да се нервира. Дојде до
расправија, по кратката расправија, извади пиштол и сите фудбалери ги натера да
одат во теретаната
“ открива „Малиот Кнеле“, како што го нарекуваат, поради блискоста
со Кнежевиќ.

Бидејќи сите му се
смеевте на мојот другар, сега ние истото ќе ви го направиме вам. Кој нема да
направи тоа што тој ќе го направи, ќе оди во базен но облечен
“ додава тој за
настанот.

Билдерот кренал 150
килограми пет пати, фудбалерите веднаш сфатиле дека базенот не им бега, па
Кнеле им наредил сите да скокнат во базенот, но ни тоа не му било доволно, па
ги натерал да пливаат како што биле облечени, во тренерки, на крајот,
раководител на хотелот кој бил близок другар со него го замолил да престане
малтретирањето и сето тоа завршило.

Српски „Курир“ потсети
на тоа кои фудбалери беа во тој период кога се случил настанот, меѓу нив се најде
и Виктор Треневски кој за тимот од Подгорица играше три сезони (1991/94) по што
следеше преселба во Партизан каде мина ист период.

 

Извор: kurir.rs

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани