Авантурата која
започна во август со два меча од плеј-офот несреќно заврши вчера во Киев.
Ливерпул загуби во финалето од Реал Мадрид благодарејќи на двата неверојатни
кикса на голманот Лорис Карис.
Разочарувањето
беше големо кај сите, но Јирген Клоп уште еднаш покажа зошто е еден од
најхаризматичните ликови во светот на фудбалот. На социјалните мрежи се појави
видео како Клоп пее во 6 часот наутро во придружба на уште три лица.
„Го видовме
европскиот куп, Мадрид ја имаше сета е*ана среќа, ние ќе продолжиме да бидеме
кул и ќе го вратиме во Ливерпул” – е текстот на песната која Германецот ја
изведуваше заедно со својот помошник Петер Кравиц, со Кампино, пеачот а
германскиот панк бенд „Ди Тотен Хозен“ и германскиот новинар Јоханес Б. Кернер.