Клоп проговори за лудите услови кои Џан ги поставил за нов договор со Ливерпул, платата која се споменуваше не била точна, била повисока!

by
1 минути читање

Актуелниот важечки
договор на Емре Џан со Ливерпул истекува претстојното лето, а доколку не дојде
до продолжување на соработката, германскиот репрезентативец би можел да го
напушти тимо од „Енфилд Роуд“ како слободен фудбалер на трансфер пазарот.

Подолг период се
шпекулира околу огромните услови кои Џан ги поставил во преговорите со
Ливерпул, неофицијално, прво се шпекулираше дека барал 200 илјади фунти неделна
плата, што би го направиле најплатениот фудбалер на клубот во неговата
историја, но Јирген Клоп, шефот на стручниот штаб на тимот, говорејќи на оваа
тема, истакна дека сумата била многу поголема во однос на горе споменатата.

Се работи за 250
илјади фунти неделна плата, ништо не е одлучено, се уште во тек се преговорите,
дури има било каква опција за продолжување на соработката, преговорите ќе
траат, сите опции се отворено
“ рече германскиот фудбалски стратег.

Како прва опција
за Џан, доколку си замине од Ливерпу претстојното лето подолг период се
споменува Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани