„Црвените“ на 31.
декември го совладаа Манчестер Сити и тогаш се чинеше дека тие се спремни да го
предизвикаат Челси во трката за титулата во Премиерлигата.
Но очајната форма во јануари и серијата лоши резултати придонесе Ливерпул да доживее
елиминација од Лига Купот, ФА Купот и да испадне од топ четири на табелата.
Па сега на адреса на „Црвените“ пристигнуваат критики за мирниот
трансфер пазар и недостатокот на засилувања во зимскиот преоден рок.
Јирген Клоп за
ова превзема целосна одговорност, вели дека клубот му обезбедил средства за нови фудбалери но едноставно не можел да ги најде правите
играчи.
„Никогаш не треба
да ги обвинувате другите за вашите грешки” – вели Германецот.
„Не можам да го
променам одговорот само поради тоа што играме очајно лошо. Не можам да кажам
„да, ќе беше фантастично доколку клубот ми обезбедеше пари“, клубот ни даде
можност да направиме нешто, но ние не успеавме да ги пронајдеме правите играчи”.
„Не сме слепи,
едноставно одредени играчи не беа достапни”.
Ливерпул се
поврзуваше со ангажман на Јулијан Дракслер, но Германецот го одбра ПСЖ.
Јулијан Бранд од
Баер Леверкузен исто така беше желба, но „Фармацевтите“ не сакаа да останат без
важен играч сред сезона.