Клоп: Помошникот сакаше да биде во центарот на вниманието, и сега е!

by
1 минути читање

Дербито помеѓу Ливерпул и Тотенхем имаше луд. Салах постигна прекрасен гол во 91. минута, во тие моменти Клоп се израдува за победа, но пред самиот крај помошниот судија стапи на сцена, „се избори“ за пенал за гостите по кој Кејн реализираше за конечни 2-2.

„Јасно беше дека два така квалитетни тима ја посакуваа победата, но на резултатот големо влијание имаше одлуката на помошникот судија. Но треба да го прифатиме тоа, едноставно тоа е“, вели Клоп.

„Беше офсајд, неверојатно, не знам ни што дискутираа тие. Да, Ван Дајк го допре него, но сите знаат дека Ламела сакаше да биде допрен и сите ние знаеме дека имаше многу тешки фаули врз нашите играчи во првото полувреме кои не беа ни досудени“.

„Тој сакаше да биде во центарот на вниманието, и сега е. Тешко е да се прифатат ваквите одлуки денеска“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани