Многумина сметаа дека заминувањето
на Филипе Кутињо од Ливерпул во голема мера ќе го ослабне квалитетот во играта
на тимот од Енфилд Роуд, но се случи спротивното, за што посебно задоволен е
шефот на стручниот штаб на оваа екипа, Јирген Клоп.
„Поминаа неколку недели
и среќен сум поради реакцијата на момците. Тие отидоа чекор понапред, луѓето
мислат дека доколку еден фудбалер недостасува, целото изградено во тимот ќе
пропадне, јас не верувам во такво нешто“ рече Клоп.
„Доколку јас седам овде
и секоја недела говорам за тоа дека Фил го нема повеќе во тимот, се извинувам,
но нема повеќе слободни удари, нема удари од прекини, нема дриблинзи во мали
простори повеќе… Тоа би звучело навистина лошо“ додаде германскиот стратег.