Клоп го има лекот за Гвардиола, Ливерпул ја доби драмата со Сити (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јирген Клоп го има лекот за Пеп Гвардиола, Германецот вечерва по шести пат славеше во пресметките со Шпанецот, повеќе од било кој друг тренер.

Во драматичен меч на Енфилд, Ливерпул со 4-3 славеше над Манчестер Сити и на „Граѓаните“ им го нанесе првиот пораз оваа сезона во Премиерлигата.

Резултатот го отоври Окс во 9. минута со прецизен удар по земја. Пред крајот на првиот дел, Сане изедначи на 1-1, Германецот го изненади Кариус со шут на поблиската статива.

Ливерпул се врати во предност по еден час игра, по еден брз против напад, Фирмино пласираше за 2-1. „Црвените“ само 120 секунди подоцна поведоа со 3-1. Салах украден една топка, го проигра Мане, кој од врвот на шеснаесетникот биеше неодбранливо за 3-1.

Потоа следуваше мајсторија на Салах, Египјанецот од 35 метри ја затресе празната мержа на гостите по киксот на Едерсон.

Но Манчестер Сити не се предаде, најпрво Бернанрдо Силва намали на 4-2 во 84. минута за Гундоган да искористи една грешка на одбраната на Ливерпул за 4-3 во 91. минута.

Последната шанса на натпреварот ја имаше Агуеро, кој длабоко во судиското надополнување го погоди надворешниот дел од мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани