Челси – Тотенхем, на гостите
им беше потребна победа, но мечот на крајот заврши со поделба на бодовите и
резултат 2-2, а со тоа Лестер стана шампион на Англија.
Главниот арбитар на тој
натпревар, Марк Клатенбург во интервју за американски „NBC“ вели дека не сакал да се најде во ситуација да биде
алиби за тимот на Тотенхем во губењето на битката за титулата, па имал свои
планови за тоа како да ја дели правдата на мечот.
„Доколку исклучев тројца
фудбалери на Тотенхем, кои реално го заслужија тоа, какви би биле насловите? ‘Клатенбург го чинеше Тотенхем титула’. Од стартот беше вистинско глумење од страна на
фудбалерите на Тотенхем кои се самоуништија и Лестер на крајот ја освои
титулата“ вели Клатенбург кој во моментов по повлегувањето од Премиерлигата се
пресели во Саудиска Арабија каде ја обавува функцијата Директор за судење.
„Фудбалот имаше корист
од мојот критериум тој ден. Можеби некои судии ќе се држеа строго до правилата,
Тотенхем би завршил со седум или осум фудбалери на теренот, би изгубил и до
крајот на сезоната тоа ќе го користеше како изговор, но, јас тој луксуз не им
го дозволив, бидејќи мојот план беше јасен ’Ако сакаат, нека ја загубат титулата’“ додаде тој.