Клатенбург го објасни пеналот за Реал Мадрид, тој нема никакви дилеми во одлуката на неговиот сонародник Оливер

by
1 минути читање

Марк Клатенбург,
кој моментално работи во судиската организација на Саудиска Арабија, а важи за
еден од најдобрите и најпознати англиски судии, застана во одбрана на својот
сонародник Мајкл Оливер кон кого Јувентус удри со дрва и камења по тоа што се
случи во реванш пресметката против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на
шампионите кога шпанскиот тим доби пенал во самиот финиш за пласман во
полуфиналето.

Тоа беше пенал,
немам никакви дилеми по тоа прашање. Мајкл од својот агол виде благо туркање од
страна на Бенатија, а можност да ја види целата ситуација имаше и другиот
судија кој стоеше пред голот. Од негов агол, можеше да се види како ногата на
Бенатија се движи околу телото на Васкез. Мајкл не му даде црвен картон на
Бенатија поради тоа што мислел дека намерата негова била да ја дофати топката,
а не играчот. Тоа беше ненамерен прекршок, но прекршок за пенал
“ објасни
Клатенбург.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани