Клајверт издвои четири екипи од Премиерлигата каде би можел да игра за некоја година

by
1 минути читање

Чудото од дете на Ајакс,
инаку син на Патрик Клајверт, Џастин подолг период се поврзува со трансфер во
Манчестер јунајтед, тимот од Олд Трафорд наводно е најзагреан за неговите
услуги, а токму тој клуб е на листата на желби на самиот фудбалер, но, за
неколку години, како што вели тој.

Арсенал, Тотенхем,
Челси или Манчестер јунајтед се добри клубови каде се гледам себе си играјќи за
неколку години
“ вели Клајверт.

Доколку добиеш добра
понуда, никогаш не знаеш што ќе се случи…
“ додаде тој.

Сепак, познато е дека неговиот татко
смета дека за него најдобра опција е Шпанија, но исто така тој има и посебни совети за својот син.

Тој има импресивни
изданија, најдоброто од се
е фактот што има континуиран развој во неговата игра, не запира. Му реков
дека има само 18 години и треба да биде смирен и да стане уште посилен, мојата
препорака до него беше да остане година или повеќе во тимот на Ајакс
“ издвои
Патрик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани