69
Јувентус вечерва
на домашен терен го пречекува Реал Мадрид, во епизодното ланско финале во
Лигата на шампионите, овој пат, двете екипи силите ќе ги одмерат уште во
четвртфиналето од ова натпреварување.
Џорџо Кјелини, еден од
столбовите на италијанскиот првак и европски вицепрвак, упати пофални зборови
до својот ривал, Серхио Рамос, за кого смета дека е најдобриот на светот на таа
позиција на која игра Шпанецот.
„Никогаш не би го
имал тој технички квалитет и експлозивност кој го поседува Серхио Рамос. Тој е
најдобар на својата позиција во целиот свет и знае како да одигра натпревар кој
има големо значење“ рече Кјелини.