734
27 годишниот
фудбалер од средниот ред, Душко Трајчевски после цели пет години минати во
дресот на Работнички, го напушти тимот од Дебар Маало, во чии редови дојде од
Тетекс во 2013. година, има играно и за Локомотива.
Довчерашниот
капитен на Романтичарите и привремен репрезентативец на Македонија ги засили
редовите на кипарскиот прволигаш Алки Ороклини, кој во изминатата сезона заврши
на претпоследната позиција на табелата во најсилниот тамошен шампионат.
Ова е прв
интернационален предизвик за Трајчевски кој има пет настапи за нашиот најсилен
национален состав досега.