Капитенот на „Каталонците“ минатата недела на емоционална пресконференција соопшти дека ова е негова последна сезона на Камп Ноу. Андрес Инеста не откри каде ќе продолжи кариерата, но подолго време се најавува негова преселба во Кина.
Се говори дека екипата на Чонгкинг Дангдаи по секоја цена го сака Шпанецот, и со милионска понуда од која боли глава се обидува да го примами фудбалерот од средниот ред.
Неколку весници од Шпанија пренесуваат дека Андрес Иниеста има понуда од 81 милион евра за три години, односно годишна нето плата од 27 милиони евра. Но Кинезите не застануваат тука, тие се подготвени да откупат 6 милиони шишиња вино од винаријата на играчот и тоа за 6 евра по шише, односно 36 милиони евра.
Договорот е подготвен за потпис, но самиот Андрес Иниеста се двоуми и се уште нема донесено одлука.