69
Кинеската
компанија „Сунинг“ по речиси две години по влегувањето во италијанскиот калчолигаш
Интер наводно планира да излезе од клубот.
Според
информациите, во моментов нема заинтересирани кои би го презеле клубот за 600
милиони евра, а за издвојување е тоа што покрај „Сунинг“, 31,05 проценти од
колачот во Интер го дели и Индонезиецот Ерик Тохир.
Како причина за
ваквите настани во Интер се наведуваат слабите резултати кои клубот ги
прикажал, како и проблемите кои се јавија околу финансискиот фер-плеј на УЕФА.