Во август месец,
фановите на Манчестер јунајтед се жалеа за однесувањето на хотелите во Скопје,
кои драстично ги подигнаа цените во пресрет на спектаклот на Арената Филип
Втори и Суперкупот на Европа.
Англичаните сега
одново се бесни откако хотелите од Киев почнаа да ги прават истите финти. Голем број
на навивачи на Ливерпул се жалат на социјалните мрежи за тоа дека како цените одеднаш станале
астрономски.
Ноќевање во Киев
за викендот кога се игра финалето од Лигата на шампионите чини помеѓу 1.000 и
9.000 фунти, а вообичаената цена треба да е околу 80 фунти.
State of the cheapest hotels in Kiev. pic.twitter.com/choY86SvwZ
— Tony (@Tony_K1892) May 2, 2018
Some sound deals on hotels in Kiev going there…pic.twitter.com/aFcJGCIrTD
— Gareth Roberts (@robbohuyton) May 3, 2018
Но ова не е
единствениот проблем, фановите кои си резервирале од поодамна, сега добиваат
известување дека нивната резервација повеќе не важи и добиваат смешни и банални
објаснувања за причината.
Еден фан се
пожали дека резервирал апартман пред два месеци за 76.3 фунти, но
сега добил порака дека резервацијата е откажана и доколку сака одново да резервира,
истиот апарман ќе го чини 15.000 фунти.
Booked my hotel for Kiev months ago. No @bookingcom have decided that they are gonna cancel it for me free of charge so I can re-book it for 15 grand! #Kiev #LFC #ChampionsLeagueFinal pic.twitter.com/kSZKYlWfbR
— stephen (@ste_2512) May 3, 2018