Кежман трие раце, сите го сакаат Милинковиќ Савиќ

by
1 минути читање

Откако Лацио не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите се зголемија шансите да го загубат и својот најдобар фудбалер, Сергеј Милинковиќ Савиќ.

„Тој се уште има долгорочен договор со Лацио, но како што кажав и пред неколку дена, има огромен интерес за Сергеј“, вели неговиот агент Матеја Кежман.

„Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи од денес за утре, па ќе видиме што носи иднината. Јасно е дека тој е еден од најдобрите фудбалери во Серија А и има потенцијал да стане најдобар во светот на неговата позиција“.

„Јасно е дека играњето во Лигата на шампионите е сон за секој кој игра фудбал, но тој има само 23 години има многу време за да го постигне тоа“.

Се шпекулира дека интерес за српскиот фудбалер има од Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, а интерес за продажба на играчот има и Матеја Кежман кој би требало да добие убава провизија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани