Изминативе денови
на „Островото“ голема прашина се крена околу жалбата на Тотенхем и барањето
вториот гол од гостувањето кај Стоук да му се препише на Хари Кејн.
Името на Ериксен
стоеше во листата на стрелците, но Хари Кејн инситираше дека топката го
закачила во рамо и дека тој има заслуга зошто таа завршила во мрежата.
„Се колнам во
животот на ќерка ми дека ја допрев топката. Ако сакаат можат да ја преиначат
одлуката” – рече голгетерот.
Очигледно ваквите
зборови ги убедија луѓето во Премиерлигата, па попладнево беше соопштено дека
голот му е препишан на Хари Кејн. Покрај изјавата
на напаѓачот, разгледани биле и повторените снимки од страна на комисија
составена од три члена, и сите се сложиле дека последниот допир го има токму 24
годишниот Англичанец.
Со овој гол, Хари
Кејн сега има 25 погодоци, четири помалку од првиот стрелец Мохамед Салах.
Колку заслуга има Хари Кејн за овој гол можете да процените сами.