780
„Спарси“ со
минимална предност ќе патуваат на Стемфорд Бриџ за реваншот кој е на програмата
на 24. јанури. Челси вечерва имаше поголем посед на топка, креираше повеќе
шанси, два пати ја погоди рамката од голот, но Тотнем беше тој кој ја затресе
мрежата.
ВАР одигра клучна
улога, судијата покажа на белата точка со помош на видео технологијата а Хари
Кејн не погреши со ударот од 11 метри и реализираше за 1-0.
Со овој погодок,
напаѓачот постави нов рекорд и стана првиот играч во историјата на Тотнем кој
постигнал барем 20 голови во сите натпреварувања пет сезони по ред.