„Граѓаните“
делуваат моќно оваа сезона, Пеп Гвардиола ги склопи коцките како што посакува
па неговите избраници редат само победи.
Тотенхем минатата
сезона со 2-0 тирумфираше над Сити дома, а на гостувањето во Манчестер одигра 2-2.
Но вечерва
„Спарси“ беа изгубени на Етихад, „Граѓаните“ го надиграа противникот и
славеа со високи 4-1.
Главните играчи
на гостите, Хари Кејн и Деле Али не покажаа ништо, и во немоќ лечеа
фрустрации со хорор стартови.
Најпрво напаѓачот
со отворен ѓон му „влезе“ на Стерлинг, а потоа Али згазна врз скочниот зглоб на Де Брујне.
За опасните
стартови со кои лесно можеа да ги повредат противниците тие добија само жолти
картони, но фановите на социјалните мрежи се убедени дека двајцата заслужиле црвен и исклучување.