Одбраната на
Јувентус, предводена од искусниот Џорџо Кјелини вечерва ќе биде ставена на тест
од најдобриот напаѓач во Премиерлигата во овој момент. Хари Кејн игра во
страшна голгетерска форма, па тоа ќе биде интересен дуел.
Во пресрет на пресметка во Торино, Хари Кејн имаше само пофални зборови за својот
противник и се присети на првото соочување со дефанзивецот.
Во 2015,
напаѓачот за прв пат беше стартер за Англија на пријателски меч со Италија, и за
овој меч, Хари Кејн вели: „Уште во првите пет минути од средбата убаво ме покоси, и
потоа едно добри десет миниту не си ја чувствував ногата. Тоа беше одлино
добредојде во интернационалниот фудбал!”
„Кјелини е
неверојатен. Во неколку наврати ме прашале да набројам против кого е најтешко
да се игра, и неговото име е на врвот, заедно со Џон Тери”.
„Џорџо е многу
искусен. Одлично го користи телото и знае да се позиционира. Кога се обидувате
да продрете, знае кога да излезе пред вас, знае кога малку да ве турне за да ве
извади од рамнотежа. Знае кога да не
ви остави простор и да ви се качи на грб, но знае и кога треба да се држи на
дистанца. Најтешко се игра против искусни дефанзивци, секогаш знаат каде
треба да бидат во право време”.