На големо веќе во последно време се пишува за заминувањето на Тијани Реијндерс од редовите на Милан во Манчестер Сити.
По катастрофалната сезона во која „росонерите“ останаа без пласман во Европа се претпостави дека мораат да продаваат, а „граѓаните“ сериозно загризаа за Холанѓанецот. Се споменуваше понуда од 70 милиони евра која Милан наводно би ја прифатил.
Сепак, по последниот натпревар во сезоната и победата на Милан над Монца (2-0) зборуваше еден од главните оперативци Џорџо Фурлани. Тој откри дека клубот нема потреба да продава за да ги балансира финансиските книги.
„Не сакам да се фокусирам на индивидуалци, но нашата цел е да го засилиме сегашниот тим. Многу грешки се направени во изминатиот период, па треба да се подобриме за најдоброто на Милан. Според тоа како ги водиме работите, не е потребно да правиме жртва со продажба на ѕвездите“, изјави Фурлани.