Ќе беше ли поинаку ако Македонија го добиеше овој чист пенал? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Македонија загуби
убедливо во едно катастрофално издание во кое најмногу се „истакна“ голманот
Столе Димитриевски, во негативна конотација секако.

Избраниците на
Ангеловски вечерва беа спуштени на земја и поразени од Ерменија на нејзин терен
убедливо со 4-0, дали ова е реалната слика за нашата фудбалска моќ, или само
меч за заборав останува да видиме во периодот кој претстои.

Сепак, не дека
треба да бараме алиби на друго место, освен во сопствените редови, вреди да се
издвои моментот кога шведскиот арбитар Стромбергсон наместо да досуди најстрога
казна во наша полза, се реши да додели опомени за Ристовски и Пандев поради
негодување за таквата негова одлука.

Дека имаше пенал
врз Барди во оваа ситуација, веројатно не треба ниту да се полемизира, а овој
момент беше при минимално водство на домаќинот, кој остана се
до паузата, а по неа следеше полнење на
мрежата од нашиот гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани