Касано: Да имав друга глава на моите раменици ќе бев како Меси, Нејмар…

by
1 минути читање

Му се предвидуваше
богата кариера на основ на талентот кој го поседуваше, но низата контроверзни
ситуации зад себе и пред се
однесувањето кое го носеше со себе го оддалечија од поголем индивидуален
успех во кариерата.

Антонио Касано по
фантастичните сезони во Рома направи трансфер во Реал Мадрид, па тука почна
неговиот пад, тој признава дека е проблематична личност, а додава дека доколку
би бил малку попаметен, би играл како Меси, или пак Нејмар.

Јас сум проблематична
личност, никогаш не знам со какво расположение ќе се разбудам и ќе го започнам
денот
“ рече Касано во интервјуто за „Раи Спорт“.

Би играл и на друга
планета, но секогаш би останал оној истиот кому не му се допаѓа да тренира и
сака само да јаде за што размислував постојано, а воедно и се уништив самиот
себе си
“ додаде тој.

Играв за најдобрите
клубови во светот, како Реал Мадрид, Интер и Милан. Доколку би имал друга глава
на моите раменици, би играл на Марс. Би бил како Лионел Меси, Нејмар и други…

истакна контроверзниот Италијанец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани