Карло Анчелоти знае кој е проблемот на италијанскиот фудбал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот Карло Анчелоти упати сериозни критики кон состојбата во италијанскиот фудбал по новиот неуспех на „аѕурите“ да обезбедат пласман на Светско првенство.

Актуелниот селектор на Бразил смета дека клучниот проблем е падот на темпото и интензитетот, што се чувствува особено во споредба со натпреварите од Лигата на шампионите. Според него, италијанскиот фудбал мора да се врати на повисоко ниво на ангажираност, но и повторно да почне да создава квалитетни дефанзивци.

Најголема разлика меѓу Серија А и Лигата на шампиони е темпото. Не само трчање, туку и постојана ангажираност, интензитет. Италијанскиот фудбал го загуби тоа. Исто така, му недостигаат квалитетни дефанзивци“, изјави Анчелоти.

Ниту на клупски план Италија не блесна, бидејќи немаат полуфинален претставник во ниту едно од трите натпреварувања на УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×