63
Поранешните фудбалери на
Атлетико Мадрид, Јаник Караско и Николас Гаитан, во зимскиот преоден рок
остварија трансфер во Кина, а денеска едниот му го спасуваше животот на
другиот.
На натпревар од
најсилниот кинески фудбалски шампионат, помеѓу Далијан и Пекинг Гуана, Гаитан по еден дуел со противнички
фудбалер падна како покосен на земјата и за момент загуби свест, токму Караско
беше тој кој беше најприсебен во целата оваа ситуација, па реагираше навремено
и му го извади јазикот на својот соиграч.