106
Евертон не може
да се пофали дека е во најдобра форма, туку спротивното, денес загуби на
гостувањето кај Барнли со 2-1 иако имаше почетно водство на мечот.
Џејми Карагер,
поранешниот дефанзивец на најлутиот ривал на Евертон, Ливерпул, по мечот даде еден брутален
коментар по поразот на Карамелите, а тоа им се допадна на фановите на Редсите.
„Барнли има
очајна серија зад себе, но доколку имаше очајна серија, против кого би сакале
да играте? Евертон.“ рече Карагер за „Скај Спортс“ а ова на големо ги израдува фановите на Ливерпул кои од една страна се изнасмеаа на неговиот коментар, од друга страна му упатуваат пофалби на социјалните мрежи за тоа што го истакна.