Фабио Капело, познатиот
италијански фудбалски стратег и поранешен шеф на стручниот штаб на Јувентус, во
интервјуто за „Скај Италија“ ги открива деталите за доаѓањето на Ибрахимовиќ во
Јувентус.
„Јувентус тогаш направи
одлична зделка, го доведе Ибрахимовиќ за 16 милиони евра во четири рати. Во
Ајакс проценија дека подобро за нив е да го задржат Мидо, со кој се работеше
многу полесно, со оглед на карактерот на Ибрахимовиќ. Нормално, тој правеше проблеми
и во Јувентус, но спортскиот директор Лучиано Моџи го доведе во ред“ рече
Капело.
„Кога дојде во Јувентус,
тој не знаеше да шутира, неговиот менаџер Мино Рајола ми рече дека Ибрахимовиќ
им ги крши рацете на голманите, а единствено што успеа да искрши се прозорците
во теретаната, меѓутоа тој секојдневно тренираше на својот шут и стана тоа што
е денес“ додаде италијанскиот фудбалски стратег.