63
Фабио Капело,
некогашниот тренер на Милан, Реал Мадрид, Рома и Јувентус откако си замина од
кинески Џангсу беше поврзуван со селекторското столче на Италија, но во
интервју за „Раи“, искусниот фудбалски стратег рече дека по ангажманот во Кина,
тој и дефинитивно завршил со таа работа.
„Имав искуство со
репрезентациите на Англија и Русија, сакав да тренирам уште некој клуб, така
Џангсу ми беше последна обврска во фудбалот“ рече искусниот италијански
фудбалски стратег.