33
Кандидатот за претседател на Реал Мадрид, Енрике Рикелме вчера во телевизиска емисија објави дека Ерлинг Халанд ќе биде засилување на „кралевите“ ако тој стане претседател, сепак денеска стигна јасен демант.
Откако претходно и неговите агенти порачаа дека нема никаков договор, сега се огласија и од редовите на Манчестер сити.
„Приказните кои се појавија од Шпанија во врска со иднината на Халанд се неточни. Не постои никаква шанса тоа да се случи, нема договор или клаузула кој тоа го овозможува. Размислуваме и за правни чекори поради користењето на имиџот на нашиот играч во овој контекс“, соопштија „граѓаните“.