„Газета дело Спорт“ пишува дека на утрешниот меч против Аталанта, Гатузо ќе стартува со младиот Патрик Кутроне поради лошата форма на Андре Силва и Никола Калиниќ.
19-годишниот Кутроне е една од светлите точки на овој Милан, оваа сезона стартуваше на девет натпревари и постигна шест гола.
За разлика од него Калиниќ постигна четири голови на 18 натпревари. Андре Силва исто така е во лоша форма иако во Лига Европа има шест голови на шест натпревари, во Серија А нема постигнато погодок.
Медиумите шпекулираат дека Јакуб Јанкто од Удинезе и Џастин Клајверт од Ајакс се новите цели на Милан, но тие би било тешко да се донесат во јануари.
Удинезе не планира да продава во јануари, а дополнително Милан ќе има конкуренција и од Премиерлигата, пред се од Арсенал кој исто така се поврзува со Јанкто.
Милан се интересира и за синот на Патрик Клајверт, 18-годишниот Џастин. Но и оваа зделка ќе биде тешка бидејќи негов агент е Мино Рајола кој има нарушени односи со италијанскиот гигант.