Напаѓачот во
моментов е во родниот Бразил каде се рехабилитира од повреда и до крајот на
месецов треба да се врати во Париз за да почне со тренинзи и да работи на
својот фитнес во пресрет на мундијалот во Русија.
Но главното
прашање кое се поставува е колку долго Нејмар ќе се задржи во главниот град на
Франција, и дали ќе го носи дресот на ПСЖ и следната сезона.
Често се пишува
дека тој не е среќен на Паркот на Принцовите и сака нова авантура. Реал Мадрид
се посочува како најсериозен кандидат, но има и гласини за можно враќање на
Нејмар во Барселона.
Самиот играч сега
отвори простор за нови шпекулации и крена „прашина“ на социјалните мрежи откако
постираше слика со Лео Меси и порача дека кога тие двајца се заедно, се
случуваат големи работи.
„Кога сме заедно
со мојот пријател Лео Меси, големи работи се случуваат! Веќе ви кажав премногу!
Продолжете да не следите” – напиша Бразилецот.