Арсенал и во минатото се интересираше за Живковиќ, а според пишувањата на медиумите од Португалија, Арсен Венгер сега го обновува интересот и сака да го види Србинот уште во јануари.
Ваквата вест одекна како „бомба“ на Балканот, па локалните медиумите почнаа да пишуваат за спектакуларен трансфер и тоа дека Андрија Живковиќ треба да го наследи Алексис Санчез, кој е на излезна врата од Емирати
Интересно, Живковиќ оваа сезона има проблем да се избори за место во стартниот тим на Бенфика и во последно време се почесто е на клупата отколку на теренот. Па многумина се прашуваат како Венгер мисли да го замени Чилеанецот со играч кој е резерва во португалското првенство? Или пак можеби медиумите претераа малку повеќе во своите стории?
Бенфика нема лесно да се откаже од талентираниот Србин, а дополнителен проблем за „Топчиите“ прави откупната клаузула која изнесува дури 60 милиони евра.