Како советот на Марадона го претвори Меси во маестро за слободни удари (ВИДЕО)

by
3 минути читање

„Колчонероси“
опасно се приближија до Барса, но „Каталонците“ одново се на безбедни +8 откако
вчера со 1-0 го добија дербито на Камп Ноу. Херој на домаќините беше Лео Меси, Аргентинецот
со нова мајсторија од слободен удар ги осигура трите бода.

За ѕвездата на
„Каталонците“ ова беше трет натпревар во низа како ја тресе противничката мрежа
од слободен удар. Вчера го матираше Јан Облак, кој важи за еден од најдобрите
голмани на денешницата, но Лео Меси со леснотија ја смести топката зад грбот на
Словенецот.

Лео Меси во
моментов е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари, ако не и најдобар,
но тој не бил отсекогаш волку „смртоносен“

Фернандо
Сињорини, поранешен фитнес тренер на „Гаучосите“ пред една година откри како
советот кој Диего Марадона му го дал на својот сонародник во 2009 му помогнал
многу на Лео Меси.

Аргентина имала
тренинг во Марсеј каде се подготвувала за дуел со Франција, а Лео Меси вежбал
слободни удари.

„Ја намести
топката, се обиде да го погоди левиот агол, но промаши за едно добри три метри.
Во неговиот поглед јасна беше фрустрацијата, се гледаше дека е бесен. Сакаше да
замине во соблекувална но јас му пријдов, го гушнав и му кажв дека најдобриот играч во
светот не може на ваков начин да го напушти тренингот
– вели Сињорини.

„Потоа се замеше
и Диего кој му рече „Леито, Леито дојди, дојди, дојди….“. Двајцата почнаа да
разговараат и ви се чини во тој момент светот застана. Марадона ја зеде
топката, ја постави на исто место и како татко му порача: „Слушај, не го повлекувај стапалото толко брзо од топката кога шутираш. Ако го
сториш тоа, топката нема да те слуша
. Не смееш да ја третираш на било кој начин, мораш да бидеш внимателен со
топката“.



Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани