224
Манчестер Сити продолжи
со блескавите изданија, па „настрада“ неговиот ривал Манчестер јунајтед кој на
свој терен забележа пораз од 1-2.
Интересна статистика ни
пристигнува од овој натпревар, а се работи за допирите со топката од страна на
бразилскиот чувар на мрежата на првопласираната екипа од Премиерлигата, Едерсон
Мораеш.
Едерсон имал вкупно 41
допир со топката на големото дерби викендов, тој учинок го немаа ниту еден од
офанзивните фудбалери на домаќините.
Стрелецот на
единствениот гол за Манчестер јунајтед, Рашворд имаше 38, Марсијал исто, Лукаку
27, додека пак Лингард 22. Ова беа четворицата фудбалери кои Мурињо ги смести
со офанзивни задачи на големото дерби.