103
Харизматичниот Германец полека му станува кошмар на Пеп Гвардиола откако доби уште една пресметка. Ливерпул вечерва со 1-2 триумфираше на Етихад и со вкупни 5-1 го елиминираше Манчестер Сити од Лигата на шампионите.
По крајот на натпреварот, камерите го уловија Јирген Клоп како мавта кон трибините и се шегува со Ван Дајк и Вајналдум. Иако не е јасно за кого беше наменето ова, фудбалските „сеирџии“ веднаш ги поплавија социјалните мрежи и почнаа да пишуваат дека поздравот е наменет за Пеп Гвардиола, кој второто полувреме мораше да го следи од ложата на Етихад.
Klopp is always so polite to acknowledge opposing managers where ever they are
— Canadian Kop (@thecanadiankop) April 10, 2018