Како изгледаа стадионите на стартот на Премиерлигата пред 25 години, како изгледаат сега… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

by
9 минути читање

Годинава се одбележуваат
цели 25 години од формирањето на Премиерлигата, откако во 1992. година по
одлуката на клубовите кои настапуваа во тогашната Фудбалска Лига – Прва дивизија,
да се одвојат од тој шампионат и да се формира Премиерлигата со големи профити
од ТВ правата.

Тогашниот изглед на
стадионите на клубовите во споредба со нивниот изглед денеска има голема
разлика…

 

Стемфорд Бриџ

Во 2001. година оваа
фудбалска арена на која настапува Челси доби ново руво споредбено со
претходното.

 

Сент Џејмс Парк

Стадионот на Њукасл
имаше капацитет за 36.000 гледачи, инфраструктурно доста промени се направија,
во моментов има капацитет да собере 52.405 гледачи.

Либерти арена

Со капацитет за 21.000
гледачи овој стадион беше отворен во 2005. година, во моментите кога стартуваше
Премиерлигата, екипата на Свонси настапуваше во третата дивизија на Англија,
пласманот во најсилното друштво донесе потреба за промени. Па стадионот на кој
претходно настапуваа го заменија со фудбалска убавица.

Сент Мери

Арената „Дел“ беше
испратена во историјата во 2001. година, кога Саутемптон се пресели на новиот
стадион „Сент Мери“, инаку познат во македонскиот фудбал поради тоа што го
реализиравме ремито со Англија од 2-2, на мечот каде Артим Шаќири постигна гол
од корнер и го посрамоти Дејвид Симан.

 

Гудисон Парк

Една од најисториските
фудбалски арени во светскиот фудбал, мали промени беа направени на овој стадион
откако стартуваше Премиерлигата, новитетите беа изградени во 1994. година кога
целиот стадион околу доби трибини.



Викеријџ Роад

Доаѓаме до стадионот на
Ватфорд, еден од неколкуте кој претрпе доста промени. Интересно, дел од
трибинскиот простор на стадионот кој беше изграден во 1986. Година беше
изграден со позајмица од пејачот Елтон Џон, нови детали беа променети во 2013. година
со што стадионот доби нов лик.

Виталити Стадион

Како за третолигашки
клуб (Борнмут) во 1992. година, тогашната арена „Дин Корт“ беше мал стадион со мал
трибински простор од три страни, вклучително и главната трибина која е на
фотографијата. Стадионот доби сосема нов лик во 2001. година, со трибински
простор ротиран во 90 степени на неговата оригинална позиција. Сега е познат
како „Виталити Стадион“ поради спонзорски договор, остана мал стадион, со
капацитет од 11.464 седишта.

Кинг Пауер

Филберт Стрит, тоа беше
името на стариот стадион на Лестер, поранешниот првак на Анлгија, инаку
изграден во 1891. година. Главниот трибински простор беше комплетно реновиран и
реизграден во 1992. година со две главни трибини. Лисиците го напуштија нивниот
стар стадион и се преселија на Кинг Пауер кој сведочеше за најголемиот успех во
историјата на клуб со освојувањето на титулата во Премиерлигата во сезоната
2015/16.

 

Мејн Роад

Мејн Роад беше стадионот
со најголем капацитет на гледачи во Англија, денес Манчестер Сити игра на „Итихад“
арената која со право може да се каже дека е една од најубавата во светот со
капацитет за 55.000 гледачи.

Енфилд Роад

Ливерпул прослави
стогодишнина од постоењето во 1992. Година отворајќи две трибини на Енфилд Роад
во тој период. Денес популарниот стадион доби доста новитети, некои трибини беа
реновирани и стадионот доби нов лик со капацитет за 54.074 гледачи.

Олд Трафорд

Во 1992. година Олд
Трафорд имаше сосема поинаков лик во однос на денешниот. Кога првичниот план за
стадионот донесе 44.000 седишта, денес оваа фудбалска арена има капацитет за 75.000
гледачи, а последните промени беа направени во 2006. година.


Хајбери

Не можете да сте
фудбалски фан а да не се сеќавате на фудбалската арена каде настапуваа Анри,
Пирес, Љунберг, Виера и останатите поранешни ѕвезди на Арсенал. Тогашниот
Хајбери беше заменет со „Емирејтс“ арената во 2006. година со капацитет од
60.000 седишта.

Вајт Харт Лејн

Тотенхем последниот меч
на Вајт Харт Лејн го одигра во мај годинава, потоа истиот се сруши за да се
изгради нов стадион, кој е предвиден да се отвори идната година, неговиот
изглед ќе биде фантастичен со оглед на тоа што беа објавени плановите за тоа
како ќе изгледа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани