Натпреварот од 31. коло во Првата македонска лига го доби Скопје со убедливи 4-0 и освои три значајни бодови. А најинтересниот момент го направи еден постар навивач на домаќините.
Играч на Скопје ја исфрла топката која оди на трибините. Стариот човек стана од своето место, ја зема топката и ја врати на теренот, каде што и е местото. Играчот на Пелистер, Ристе Маркоски наместо да им ја даде топката на децата покрај теренот, тој ја шутира преку стадионот. Но за неколку секунди и другата топка оди на трибината и доаѓа во рацете на постариот човек. Пелистерци се брзаат бидејќи во тој момент губат со 2-0, но човекот не го заборави гестот на гостите, па овој пат наместо да ја врати, тој им ја шутна надвор од стадионот. Мала, но слатка одмазда на стариот господин.