66
Рикардо Кака
имаше шест фантастични сезони во дресот на италијанскиот калчолигаш Милан
исполнет со предобри настапи во тимот од Милано, а потоа следеше трансфер во
Реал Мадрид каде играше четири сезони.
Бразилецот вели
дека бил комплетно уништен во мадридски Реал, а притоа додаде дека тогашниот
негов тренер од тој клуб, Жозе Мурињо бил комплициран.
„Во 2009. година
ја прифатив понудата од Реал Ммадрид, но јас бев комплетно уништен таму,
едноставно не можев да му го дадам тоа на клубот, што му го давав на Милан, бев
комплетно загубен“ рече Бразилецот.
„Жозе Мурињо беше
комплициран тренер за мене, имавме почит, но и комплициран однос“ додаде тој.