Арсенал синоќа потешко
од очекувањата дојде до победа од гостувањето кај Кристал Палас во последниот
меч предвиден во рамките на 20 коло од англиската Премиерлига.
Топчиите славеа со 2-3 а
клучен играч во побеничкиот табор беше Алексис Санчез кој постигна два гола за
тимот на Венгер.
Сепак, чудни работи се
случуваа при вториот гол на Чилеанецот за водство од 1-3 на гостите, а фановите
на Арсенал од трибината каде беа сместени го снимија Лорен Кошчиелни како стои
во место во моментите кога неговите соиграчи го прославуваат голот за 1-3 што
беше навестување за победа.
Медиумите на Островот
веднаш се подзанимаваа со оваа ситуација, а една од верзиите кои тие ја
пренесуваат е дека дефинитивно во тимот има голем раскол, предизвикан токму од
Санчез чиј договор со клубот истекува идното лето, а би можел да го напушти
уште идниот месец.