Јувентус уште сега решил дека сака да го задржи Коло Муани, ова е формулата

by bojan
1 минути читање
Коло Муани

Медиумите од Италија пренесуваат дека раководството на Јувентус уште сега одлучило дека сака да го задржи Коло Муани и имаат формула со која ќе ја реализираат зделката.

„Старата дама“ во зимскиот преоден рок го донесе Рандал Коло Муани на позајмица од ПСЖ, но без опција или обврска да го купат во целост.

Напаѓачот одлично ја започна авантурата во Торино, со пет гола на пет натпревари, па Јувентус уште сега решил дека сака да го задржи.

Раководството на „бјанконерите“ сега кова стратегија и смета дека ја има формулата со која сите страни ќе бидат задоволни.

Јувентус на ПСЖ ќе му понуди нова позајмица до крајот на сезоната 2025/26 за која ќе платат 5-6 милиони евра.

Како дел од зделката, „старата дама“ ќе има и обврска во целост да го купи Рандал Коло Муани за додатни 45 милиони евра на крајот од сезоната 2025/26.

Вредноста на напаѓачот во сметководствните книги на ПСЖ ќе биде значително помала тогаш, па „светците“ ќе можат да остварат капитална добивка, која ќе влијае позитивно на финасискиот извештај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани