Јувентус со две ѕвезди од Премиерлигата го освежува нападот но трансфер бомбата пристигнува од Серија А

by
3 минути читање

И покрај тоа што
беше мета на Арсенал за наследник на Арсен Венгер, Масимо Алегри останува во
Јувентус и следната сезона. Стратегот вчера имал средба со лидерите на „Старата
Дама“ која траела повеќе од три часа. Двете страни се согласиле дека
продолжуваат заедно и следната сезона.

Исто така тема на
разговор бил и летниот трансфер пазар и тоа како ќе изгледа новиот Јувентус.

Промени ќе има во
сите редови, од голманската позиција па до нападот. Џиџи Буфон заминува, Војчех
Шчесни
ќе биде прв избор, а Матија Перин ќе го предизвикува за место помеѓу
стативите.

Дуото на
Аталанта, Калдара и Спинацола ќе добијат шанса за докажување во Торино. Вториот
има сериозна повреда на коленото, па тоа најверојатно ќе значи останување на
Алекс Сандро, особено што за Бразилецот ова лето нема голем интерес како пред
12 месеци, и тешко дека ќе пристигне понуда од 60-70 милиони евра. Под знак
прашалник е и иднината на Бенатија, во случај Мароканецот да биде продаден,
Јувентус ќе се обиде да го донесе столбот на одбраната на Атлетико Мадрид, Годин.

Пристигнувањето
на Емре Џан треба да биде потврдено по финалето од Лигата на шампионите а
Масимо Алегри бара уште еден фудбалер од средниот ред. Речиси сите весници од
Италија го пренесоа истото, Сергеј Милинковиќ Савиќ е трансферот од соништата. Сепак,
една ваква здела воопшто нема да биде едноставна. Србинот има цена помеѓу 80 и
100 милиони евра, а Лотито за неговите услуги летоска ќе отвори аукција со
оглед на тоа дека сериозен интерес пројавуваат и Манчестер јунајтед, Манчестер
Сити и ПСЖ.

Исто така,
„Старата Дама“ нема богат Шеик за сопственик, се финанисира од сопствен буџет,
па ќе треба да жртвува некого доколку сака да приреди нова трансфер бомба.

На средбата исто
така било договорено дека најскапиот фудбалер во историјата на клубот, Гонзало
Игуаин
ќе биде продаден доколку за Аргентинецот пристигне понуда вредна околу
50-60 милиони евра. Алваро Мората од Челси е идентификуван како неговата
замена. Формулата ќе биде позајмица со обврска Шпанецот во целост да биде
купен, но сумата да биде платена на неколку рати.

Клубот би можел
да го напушти и Марио Манџукиќ, за кого има интерес од Кина, Бундеслигата и
Премиерлигата. Во случај на заминување на Хрватот, Јувентус ќе тргне по Антони Марсијал од Манчестер јунајтед, кој има се помала доверба кај Жозе Мурињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани