Јувентус слави победа, Жегрова со фантастичен гол го матираше Челси (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Јувентус ја доби пријателската пресметка против Челси во Хонг Конг, Едон Жегрова прекрасно погоди во аголот за победа од 1-0.

Чаби Алонсо и Челси загубија уште еден контролен натпревар, попладнево „сините“ беа немоќни во пресметката против Јувентус во Хонг Конг.

И покрај тоа што на хартија беше фаворит, Челси не успеваше да се наметне на теренот, a казната за неубедливата игра стигна на средината од второто полувреме.

Едон Жегрова доби топка на врвот од шеснесетникот и прекрасно пласираше во аголот за 0-1.

ФОТО: X/JuventusFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×