Според информациите кои
ги пренесува француски „Л’Екип“
се вели дека постои можност да Пол Погба се врати во Јувентус и да ги напушти
редовите на Манчестер јунајтед.
Се поизвесно е дека
францускиот фудбалер не е во добри односи со неговиот тренер Жозе Мурињо, па би
можел да се врати во тимот од Торино.
Наводно Погба имал
клаузула (бај-бек, buy-back) во договорот со Манчестер јунајтед кој би му дозволил негово враќање
во Јувентус за сума од околу 60 милиони евра.
Веројатно единствениот
проблем во остварувањето на овие амбициозни најави е неговата висока плата, познато
е дека најскапо платени фудбалери во тимот од Торино се Пауло Дибала и Гонзало
Игуаин со годишна плата од седум ипол милиони евра, додека Французинот заработува
12 милиони евра годишно.