Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус и Рома би можеле да реализираат изненадувачка трампа, средините да ги променат Теун Копмајнерс и Еван Ндика.
Јувентус и Рома (заедно со Милан) ќе водат жестока битка во последните три кола во Серија А за топ 4 пласман и настап во Лигата на шампиони.
Но како што пренесува Газета дело Спорт, „старата дама“ и „волчицата“ се подготвени да седнат на маса и да реализираат изненадувачка трампа.
Идејата е повторно да се обединат Џан Пјеро Гасперини и Теун Копмајнерс, кој игра далеку под очекувањата во Јувентус и не успева да ја повтори формата од дресот на Аталанта.
Како дел од зделката, во Торино треба да пристигне дефанзивецот Еван Ндика.
Интересно е тоа што Јувентус за да го ангажира Теун Копмајнерс инвестираше околу 60 милиони евра, додека пак Рома не плати ниту едно евро за ангажман на Еван Ндика, па при една трампа, „волчицата“ ќе оствари голема капитална добивка.
ФОТО: X/JuventusFC